Купување поради купони


Разбрав дека има наградна игра во Веро. Се што треба е да потрошиш над 500 денари и добиваш купон за наградната игра. И тргнав јас денес кон Веро ГТЦ без список, ама со лимит, не смее да е под 500. Јуришно се залетав кон кафињата, и си купив ни помалку ни повеќе 800 грама несквик. Во гоооолема метална кутија. Радосен си помислив, јес, пола чекпоинт поминат. Продолжив кон муслите од Виталија, ми останаа непробани од малини, актив и од брусница. После долго двоумење се решив за актив. И почна тешкото. Отидов кон четките за заби, ама мојата е нова. Отидов кон алкохолоте и енерџи дринкови, немаше ништо интересно. Свртев кон паломите, купив пакување од 10. И веќе стана напорно… не ми се купуваше козметика, не ми се купуваа еден куп чоколади… едноставно не знаев на што да ги лупнам парите за да стигне сметката над 500 денари. По долго шетање низ рафтови се решив да си купам еко сијалица за во соба. И пак дилема, неколку типови на сијалици, различни моќности, различни производители, различни пакувања (2+1 гратис кај што гратисот е пресметан во цената) или само една. На крај се решив за само една сијалица од 100W (13W реална потрошувачка на енергија, сепак ова е еко сијалица). Изненадувачки на една од касите немаше гужва. Фина млада девојчица ја прими корпата и почна да ги поминува производите пред баркод читач. Имаше значка Обука, но не и значка со нејзиното име. Малку противзаконски, ама ајде, ќе останам без информацијата како се вика оваа млада дама. Кога ми враќаше кусур, по грешка наместо 57 ми даде 107 денари. Ми светна значката Обука и си викам, ајде Тончи, биди фер, направи добро дело, укажи и на грешката и врати дел од парите. Отпрвин девојчето беше збунето, мислеше дека ми дала 50ка, но јас бев упорен. Кога и таа виде што направила ја исправи грешката и со искрена насмевка ми кажа Благодарам. Излегов од продавницата замислувајќи си ореол околу мојата глава. Кога излегов од ГТЦ ми текна дека девојката не ми даде купони за наградна игра. Ми беше незгодно да се враќам.

Кога стигнав дома му ја дадов кутијата од несквик на внук ми Алек. Се израдува ко и на секоја нова играчка. Потоа влегов во соба за да ја сменам сијалицата. Пријатна топла светлина ми ја исполни собата, сепак вечерва ќе легнам да спијам замислувајќи си ореол околу мојата глава.

Баскферфест во Скопје 2010


Ретко постирам по блогосферава, ама направив неколку фотографии и ми треба ego-boosting.

Баскерфест во Скопје се случи по петти пат оваа година. Помасовен, подобро организиран од лани, со повеќе содржини, повеќе забавувачи, и се повеќе :) За разлика од ланскиот баскефест на кој фотографираф дење, овојпат фотографираф ноќе (освен првите 2 фотографии). Еве ги останатите :)
Photobucket

Баскерџијата се подготвува за настап.
Photobucket

Пантомимичарите оваа година целите во бело како статуи, и цело време позираа :)
Photobucket

Отворање на фестивалот со француски театар
Photobucket

о-ла-лааа
Photobucket

6 мужи сум нашла на интернет, 6
Photobucket

Доообро чисти чевли човеков :)
Photobucket

И у црно бело
Photobucket

Градинарска количка во пламен
Photobucket

Влажнење :)))
Photobucket

Burn, baby burn
Photobucket

It’s gettin’ hot in here, so take off all your clothes
Photobucket

This baby is on fire!!!
Photobucket

Спектакуларни пламеници
Photobucket

Можеби оваа фотографија требаше да оди прва
Photobucket

Капуера маестре, и тоа од Скопје
Photobucket

Банана уеееј, банана уеееј :)
Photobucket

:)
Photobucket

Обично не сакам кога ќе се најдам во вкрстени блицови, ама овојпат многу ефективно се покажа таквата ситуација.
Photobucket

Баскерот од почетокот на галеријата, не се мрда :)
Photobucket

Певаљка :)
Photobucket

Лудо вртење :)
Photobucket

Многу лудо вртење :)
Photobucket

Aerial Angels се загреваат.
Photobucket

И веќе е во воздухот
Photobucket

Кинење на венечни лифчиња со помош на камшик.

И за крај еден скен од флаерот со распоред на настани. Иако е без дозвола, овојпат не планирам да тужам и слични работи, а можеби и ќе го направам тоа :) Украдената фотографија е таа во среде. Направена на минатиот баскерфест.

Дел од флаерот со распоред на настаните.

Дел од флаерот со распоред на настаните.

Тортиии


Денешниот пост го посветувам на нешто на што сум голем мераклија, торти. Меѓутоа не оние што се пријавуваат кај нас на тортијади, туку на нешто малку поинакво.

Дали тортите подолу можат да бидат да бидат искркани? Секако.
Овие креативни и убави торти се направени според популарни гаџети. Некои од нив се толку верна копија што тешко е на фотографија да се забележи разликата помеѓу тортата и оригиналниот гаџет. Типичен пример е големата iPhone свадбена торта. Иконите се внимателно наредени во четири колони и редови. На „дисплејот“ се покажни цртките кои означуваат прием на сигналот, како и часовникот и состојбата на батеријата.
Друг мој фаворит е Nikon D700 тортата фото-апарат. Изгледа убаво и одвнатре и однадвор.

Тортите ме настрвија, заминав во продавница. Уживајте!

iPhone cake

iPhone cake

iPhone cake

iPhone cake

iPhone cake

iPhone cake

Nikon cake

iPhone cake

Nikon cake

iPhone cake

Nikon cake

iPhone cake

iPod cake

iPhone cake

BlackBerry cake

iPhone cake

Amazon kindle cake

iPhone cake

Nintendo cake

iPhone cake

Nintendo cake

iPhone cake

xBox 360 cake

iPhone cake

MacBook cake

iPhone cake

Барам мало јамајканско знаме.


Значи како што пишува во насловот, барам мало јамајканско знаме. Величина за шиење на ракав на кошула. Доколку некој знае кај може да се купи нека пише.

Read the rest of this entry »

Мајстор


Мајстор. Колку уважена титула.

И мајсторите се сеприсутни. Почнувајќи од мајстор за поправка на машина за перење, мајстор дрводелец, мајстор-ѕидар, мајстор за поправка на компјутерот ако ти фати вирус. Додуша овие последниве најчесто ги викаат деца експерти за компјутери (скратено „дете“), меѓутоа тоа е сосема друг муабет.

Кога ќе излеземе од дома се сретнуваме во возачите во ЈСП или приватните бусеви на кои по некоја навика од комунизмот им се обраќаме со „мајсторе“.

Секако, да не ги заборавиме и оние кои се мајстори да ја заебат работата. Но, како што постои баланс во универзумот тука се и мајсторите за да те избават од секаква беља.

За крај две песни посветени на мајсторите.

YouTube Preview Image

Првава ме потсетува на една колешка од младоста кога студирав на шумарскиот факултет во Скопје. На таа моја колешка во алманахот од средно истои: Repairman, repairman, you make my soul sick!

YouTube Preview Image

Вторава, ја видов пред пола саат на ТВ и ме инспирираше да напишам еден блог пост. Одамна немав пишано.